Секое бизнис окружување има потреба од специфичен пристап кон софтверската поддршка. Главна и неизбежна детерминанта во организациската ефикасност е софтверското окружување. За успешно и брзо да имплементирате такви проекти, потребни ви се искусни партнери со техничкно знаење потребно за развој на софтвер, силна поддршка за имплементација и агилни решенија.
S&T Македонија се фокусира на следниве области:
Употреба и развој на софтвер
Помеѓу сите производи и услуги што ги нудиме, активни сме и во полето на развој на софтвер, што на клиентите им овозможува ефикасна и активна поддршка со корисни решенија.
Компетентноста на S&T во употребата и развојот на софтвер вклучува различни услуги:
SNT HR - Софтвер за менаџирање на човечки ресурси
Софтверот за менаџирање на човечки ресурси нуди широк спектар на иновативни решенија во областа на човечките ресурси. Со имплементација на овој софтвер ќе ја подобрите функцијата на ЧР и сите компоненти кои ги вклучува: работа на алатки, процеси на управување, текови и организација на функцијата на човечки ресурси и нивните соработници.
SNT Tempo – Софтвер за евиденција на работно време
Ако имате проблем со ефикасно менаџирање на податоците за евиденција на работното време во вашата компанија, тогаш SNT Tempo е вистинското решение за вас. Се одликува со моќен интерфејс кој ви нуди можност за донесување одлуки во реално време, за да можете лесно да ги претворате податоците во активни, корисни информации.
Бизнис интелигенција
Со помош на бизнис интелигенцијата, една организација започнува да го разбира тоа што го знае. Компаниите кои сакаат да ја зголемат конкурентноста, да ги оптимизираат бизнис процесите, да го поедностават пристапот до информации, пребарување и анализа и пред сè кои сакаат да ги трансформираат сировите податоци во значајна интелигенција, можат да го направат тоа многу побрзо со помош на решение од областа на бизнис интелигенцијата.