Менаџментот на информации е клучен за успехот на вашата организација.
|
|
Менаџмент на документација
Модерен менаџмент на содржина на претпријатие- Enterprise Content Management (ECM) може да се справи со “силос” структура на информации од различни видови и содржини во стандардизиран, компаниски-сеопфатен магацин. Тука, начелото „треба да знае“ може да се примени за сите вработени индивидуално во безбедна средина. Дефинирањето и моделирањето на деловните процеси е значаен елемент во систематското создавање или менување на капацитет. На овој начин, документот следи предефинирани фази од својот процесен циклус (креирање, проверка, одобрување, издавање, архивирње и бришење) додека истовремено се придржува до важните услови кои треба да се почитуваат – т.е. сите правни и внатрешни одредби. Ова обезбедува документирана транспарентност и придржување кон правилата во сите фази. Интегрираната Алатка за колаборација ( Collaboration Tool ) ги претставува информациите во внатрешни и надворешни тимови со различни права на пристап, додека интуитивните правила на употреба обезбедуваат брза имплементација и одобрување на корисникот. Итерфејсите кон водечките ERP апликации интегрираат извори и архиви на податоци. Моќни пребарувачи помагаат при пронаоѓањето на информации во рамките на компанијата. Универзален систем за менаџмент на права го поддржува начелото „треба да знае“ во однос на класификација на податоци, со што условите за заштита и хиерархијата на права можат да се пренесат од класи на податоци универзално на начин кој ќе овозможи нивна ревизија. |
Контакт
СиТ Македонија дооел
Анкарска 31 1000 Скопје Македонија Телефон: + 389 (0) 2 3065 396 + 389 (0) 2 3065 664 Факс: + 389 (0) 2 3065 397 + 389 (0) 2 3065 674 Е-маил |

