Проект менаџмент

Вештините на модерниот проект менаџмент се основа на организациската продуктивност и квалитет во денешниот деловен свет. Примената на цврсти техники на проект менаџментот покажа подобрување на можностите за успешно извршување на работата за три пати помалку време, трошоци и капацитет.
С&Т има сертифициран персонал за следните методологии на проект менаџмент:

  • Promet: Институтот за информатички менаџмент при Универзитетот „ St. Gallen “ развил техника наречена „бизнис инжинеринг“, која постојано се усовршува и подобрува од тренинг центрите на Универзитетот, со соодветна помош од бизнис заедницата.

    • „Ќерката“ компанија на С&Т , IMG The Information Management Group, создала група методи наречена PROMET ® (PROcess METhod) во тесна соработка со Универзитетот, која систематички го рафинира методот на инжинеринг и обезбедува процедури и темплејти за вообичаени проектни типови и ситуации.

  • PRINCE2: PRojects IN Controlled Environments (PRINCE2) е метод за ефикасен проект менаџмент. PRINCE2 е всушност стандарден, широко користен од Владата на Обединетото Кралство и е нашироко познат и употребуван во приватниот сектор, како во ОК така и во други земји.

    Методот PRINCE2 е во јавниот домен и нуди најдобри упатства за проект менаџмент.

     
  • PMI: Семинарите за проект менаџмент на Stamford Global се создадени и структурирани да ги претстават светските техники на проект менаџмент за времетраењето на виталниот циклус на проектот. Курсевите ставаат акцент на основните вештини од современиот проект менаџмент во денешниот деловен свет.

    • Stamford Global е глобален регистриран едукатор при Институтот за проект менаџмент (PMI). Секој курс е сообразен на PMBOK (Guide to the Project Management Body of Knowledge) и регистриран при Институтот за проект менаџмент.
Контакт
СиТ Македонија дооел
Анкарска 31
1000 Скопје
Македонија
Телефон: + 389 (0) 2 3065 396
+ 389 (0) 2 3065 664
Факс: + 389 (0) 2 3065 397
+ 389 (0) 2 3065 674


Е-маил