|
|
Сервис за безбедност на повратни информацииБезбедносни полиси, стандарди, упатства и процедури:Безбедносни полиси, стандарди, упатства и процедури:Една безбедносна полиса обезбедува сеопфатен опис на одредби и контролни мерки потребни за заштита на податоци и трансакции. Таа се разработува од тим за развој на полиси, со цел намалување на предвидените ризици и дефинирање на правилата, улогите и одговорностите за сите прашања поврзани со безбедност на информации. Таа исто така вклучува процеси кои треба да бидат имплементирани со цел утврдување на дефинираните нивоа на заштита, вклучително и процес за систематско ревидирање и подобрување на тие нивоа. Искусни С&Т консултанти можат, во улога на ментори, да го водат и советуваат тимот за развој на полиси преку обезбедување структурирани аганди и сесии, документирање на резултати од работилници, и конечно креирање на заеднички преглед на нацрт верзијата со тимот и менаџментот, пред истата да биде објавена во организацијата. Со цел овој примарен документ да биде краток и јасен, додатни дефиниции и објасненија за правилата во полисата се разработуваат со помош и поддршка од С&Т консултантите, кои објаснуваат „како“. Конечно, детални дополненија за процесите и стандардите ги комплетираат овие документи. Информираност за безбедност на информации и обука: Едукација и информираност: Луѓето се клучниот сегмент во безбедноста на една организација. Повеќе од 60% од нарушувањата на безбедноста се предизвикани од луѓе. Напорите за зголемување на информираноста и едукацијата за безбедноста значително ќе го намалат бројот на инциденти: Прво, Консалтингот за безбедност на информации на С&Т развива програми за колективно информирање за безбедност на информации и ја изведува комплетната промоција. Второ, тематски работилници на теми поврзани со безбедноста наменети за експертите од тимот за безбедност на информации ги информира за најновите водечки стратегии и соодветни методологии. Тестирање на пробојност и слаби точки: Тестот за пробојност активно ги проценува мерките на безбедност кои се применуваат за заштита на вашите информации. Тоа може да се изврши на повеќе начини: највообичаена процедура е активна анализа на мерките на безбедност со цел откривање на слабост на дизајнот, технички мани и слаби точки. Прочитај повеќе: тест за пробојност Ревизија на информатички систем: Ревизиите наи нформатичките системи се повеќе стануваат основен сегмент од редовните финансиски ревизии на повеќето организации. Од финансиските и владините организации во многу земји државните органи бараат извршување на ревизии на информатичките системи и поднесување на резултатите до властите, Искусни сертифицирани ревизори на информатичките системи на С&Т (CISA) и ревизори на системи за одржување безбедност на информации (ISMS) (ISO 27001) развиваат целосни ревизорски стратегии и методологии за своите клиенти и извршуваат комплетни ревизии од различен вид со цел да обезбедат почитување на дефинираните стандарди. |
Контакт
СиТ Македонија дооел
Анкарска 31 1000 Скопје Македонија Телефон: + 389 (0) 2 3065 396 + 389 (0) 2 3065 664 Факс: + 389 (0) 2 3065 397 + 389 (0) 2 3065 674 Е-маил |

