|
|
Систем за одржување безбедност на информациите (ISMS)Улугите на С&Т за бизнис консалтинг им нудат на клиентите широк спектар на консултантски услуги создадени за раководење со ризиците по безбедноста на информациите. Покрај тоа, С&Т може глобално да ги олесни тие ризици, одржувајќи ги на прифатливо ниво со препорачување на безбедносни мерки, развивање на концизна полиса на безбедност и имплементирање и одржување на истите за вас. Единствено деловните причини се добри причини за имплементација на системи за обезбедување безбедност на информации. Штом ќе бидат имплементирани, таквите системи можат да бидат сертифицирани за придржување кон ISO/IEC 27001 меѓународните стандарди. Оваа сертификација може да се употреби како доказ дека вашата организација работи безбедно со информации. Во денешниот свет на економии со брза размена на информации, ISO 27001 сертификат е значајна конкурентска предност. Начин на функционирање Во првата фаза, С&Т консултантите заедно со клиентот, ги идентификуваат деловите процеси на клиентот, ги анализираат и оценуваат со цел да откријат кои процеси се покритични за бизнисот. Следната фаза вклучува идентификација на сите видови на ресурси, познати како активи на безбедноста на информациите, потребни за нормално функционирање на деловните процеси, идентификација на нивната вредност во тие процеси, заканите и слабите точки на кои се изложени, и потенцијалното влијание врз бизнисот во случај на инцидент. Резултите од Анализата на ефектите врз бизнисот имаат голем придонес во креирањето на план за континуитет на работа и план за решавање на катастрофи за организацијата на клиентот. Пристапот кон безбедност на информациите базиран на ризици кој го користи С&Т е компатибилен со најпопуларните стандарди и пракси за безбеднсот на информации, како: ISO 27001 • ISO 17799 • BS-7799-3 • CobiT |
Контакт
СиТ Македонија дооел
Анкарска 31 1000 Скопје Македонија Телефон: + 389 (0) 2 3065 396 + 389 (0) 2 3065 664 Факс: + 389 (0) 2 3065 397 + 389 (0) 2 3065 674 Е-маил |

