ИНДУСТРИИ

С&Т консултира, планира и креира прилагодени и индивидуални решенија кои произлегуваат од технологиите и производите на водечките производители на хардвер и софтвер во светот. Како резултат на оригиналната структура на С&Т, неговите тимови во секоја земја не само што имаат на располагање обучени професионалци кои ги знаат сите локални специфики,туку можат да се повикаат и на меѓународна експертиза од С&Т експерти во 22 земји кои активно ја поддржуваат и промовираат размената на информации, обезбедувајќи ниво на back-up поддршка кое локалните компании не можат.

Телекомуникации


Секторот за комуникации во моментов се соочува со период на интезивни промени интензивирани со технолошки иновации. Извонредно конкурентниот пазар става огромен притисок врз операторите и сервис провајдерите кои постојано мораат да го прошируваат опфатот на своите услуги додека истовремено го подобруваат развојниот процес и ги намалуваат трошоците за одржување. Огромниот притисок врз стратегијата за определување на цените води кон интензивни напори за намалување на трошоците, на пример, со (делумна) екстернализација на мрежното функционирање или фокусирање на самата главна дејност. Постојано се зголемува потребата од соработка со партнери и добавувачи, со поддршка од технологијата.

Финансиски институции


Секторот за финансиски услуги во централна и источна Европа се соочува со промена како единствена константа на овој постојано еволуирачки пазар. Поради тоа е особено важно банките и осигурителните компании да имаат на располагање флексибилни и ефикасни ИТ системи и инфраструктури.

Индустриски компании


Индустриските компании подлежат на тековна трансформација: превземањата, припојувањата и предизвиците од глобалната конкуренција вршат постојан притисок за промени. Со новите тенденции кои стануват се поскапи и поризични, а циклусите на иновации се покуси, на пазарот веќе не е можна прецизна диференцијација врз основа на производ. Како врв на сето тоа, клиентите имаат поголеми очекувања и постои растечки притисок за подобрување на продуктивноста а истовремено намалување на трошоците.

Јавни и владини институции


Владиниот сектор во централна и источна Европа е веројатно најголемиот предизвик во ИТ бизнисот во моментов; економии кои брзо се развиваат, барањата и задолжителните услови за пристап кон ЕУ (или слични активности во подготвителниот период пред пристапувањето) и пред сé исклучителната грижа за безбедноста ставаат огромен притисок врз јавните администрации и нивните ИТ опкружувања.

Комунални услуги


Енергетската индустрија е во процес на либерализација, и доминантна тема во моментот во индустријата на енергетски провајдери во Европа е распределбата на трошоците. Оваа напредна одговорност од ЕУ да ги раздели активностите за вмрежување од останатите активности на енергетските провајдери ќе ги спречи несразмерно високите трошоци за користење на мрежите на електрична енергија и плин, што пак од друга страна ќе им го отежни на добавувачите без мрежни системи продавањето на електрична енергија.

Малопродажба


Компаниите од секторите за потрошувачки добра и малопродажба се соочуваат со значајни промени во своите бизниси. Традиционалните структури и односи се уриваат благодарение на електронската технологија која ги менува каналите до крајните клиенти со поинакви резултати. Резултат на тоа е суштински напредок и промени во процесот на снабдување на клиентите во однос на добра, услуги и информации, а се однесуваат на компании од индустриите за потрошувачки добра и малопродажба.

Автомобилска индустрија


Модерната автомобилска индустрија се карактеризира со ниска вертикална интеграција во производниот процес и високо ниво на интеграција на производители и добавувачи. Се покусите циклуси на иновации ги принудија производителите на автомобили да се фокусираат на главните компетенции, но истовремено да мислат и на интеграција во системите на создавање вредности. ИТ конструктивните решенија на производителите на автомобили, кооперантите и трговците играат голема улога во тоа, бидејќи тие ги обезбедуваат сретствата за интеграција на услуги, достава, производство и трговијат, како и за одржување на стандардите на квалитет.