16.10.2007 | Poland
С&Т соработува со полскиот печатар на банкноти
16 октомври, 2007. – Во рамките на договорот за екстернализација и соработка, С&Т Полска ги поканува сите SAP експерти од компанијата PWPW TI Ltd., претставништво на полската компанија за заштитени печатарски услуги (Polish Security Printing Works -PWPW SA), и продолжува да работи на договорите со PWPW главната групација и други тела.
Полската компанија за заштитени печатарски услуги (PSPW S.A.), полски произведувач на банкноти, поштенски марки, акции и обврзници, и други заштитени документи, и најголемата владина печатарска компанија, сите свои ИТ услуги ги делегираше на С&Т. Ова е прв случај во Полска кога група експерти од компанија во 100%-на сопственост на државата се префрлени во приватна ИТ фирма и се уште ги извршуваат истите услуги за својот претходен работодавец. „Нашето полско претставништво реализира вид на соработка кое ќе им донесе огромни бенефиции на сите вклучени страни. Компанијата за печатарски услуги ќе ги ужива вообичените стандарди на работа без да мора да превзема одгворност за административните работи. Од друга страна, С&Т може да ја примени широката експертиза на овие нови вработени на други клиенти и така да го прошири својот SAP бизнис“,објаснува Christian Rosner, извршен директор на С&Т AG.
Искуство и одлично работење
С&Т Полска беше избран од PWPW како нејзин партнер кој ќе ги реструктурира ИТ операциите во рамките на PWPW главната групација. PWPW одлучи дека С&Т Полска најдобро ќе одговара на потребите на PWPW во областа на ИТ, поради одличното претходно искуство на компанијата во поддршка на PWPW тимовите, нивното искуство во јавниот и владиниот сектор на Полска, како и поради нивното сеопфатно познавање на потребите на секторот.
Patrick Flanagan, Директор на С&Т Полска, изјави дека склучувањето на софистициран договор за екстернализација со најголемата владина печатница на заштитени документи, и додавањето на силен тим во ресурсите на С&Т е дел на долгорочна стратегија на С&Т која има за цел двократно да го прошири бизнисот на компанијата до 2010: „Со таков значителен органски напредок каков што уживаме од неодамна, полското претставништво на С&Т ќе ја исполни таа цел дури и пред одреденото време. Покрај тоа, нашиот договор со PWPW е уште еден доказ дека С&Т е кредибилен и сигурен ИТ партнер за најстрогите клиенти во јавниот сектор, чии потреби вклучуваат придржување кон строги безбедносни и заштитни процедури, како што е случајот со печатење пари или лични карти“.
Контактите остануваат валидни
Од септември 2007, целиот PWPW ИТ тим кој брои 17 SAP експерти, е префрлен во С&Т Полска. Ова решение беше донесено од PWPW, неговото претставништво PWPW ИТ и С&Т со договор за екстернализација и соработка.
Новиот С&Т тим (претходно oд PWPW ИТ) продолжува да ја поддржува PWPW главната групација во областите на ИТ и телекомуникации, како и одржување и развој на SAP сустем, имплементација и промоција на CRM систем, helpdesk и ИТ service request. Сите валидни претходно потпишани договори помеѓу PWPW и неговото претставништво PSPW ИТ се предадени на С&Т и екстернализирни до новиот сектор на С&Т, составен од претходниот персонал на PWPW ИТ.
Според Богдан Журек, Директор на јавен сектор на С&Т Полска, договорот со PWPW е логичен резултат на постапниот напредок на С&Т бизнисот со PWPW: „ Работејќи со PWPW со години, станавме блиски деловни соработници и сфативме дека со здружување на нашите способности ќе добиме комбиниран ефект. Секогаш сме го почитувале професионализмот и посветеноста на PWPW ИТ консултантите, особено кога се работи за SAP имплеметација и одржување-се надевам со одреден реципроцитет. Поради тоа, нивниот трансфер во нашата компанија е сосема природен и сосема очекуван. Овој чекор го подобри квалитетот на услугите кои С&Т му ги обезбедува на PWPW, и ја зацврсти нашата експертиза во односите со постоечките и новите клинети, осовено во јавниот и владиниот сектор.
За PWPW S.A.
PWPW S.A. произведува разновидни заштитени хартии, вклучително лични карти, возачки дозволи и пасоши за владини институции. PWPW S.A. е единствениот полски произведувач на банкноти. Искуството добиено во соработка со владиниот сектор се користи за извршување нарачки за јавни институции, големи компании и корпорации, како и мали претпријатија. PWPW S.A.има исклучителни технички способности и поседува сопствени лаборатории и просторија за дизајн. Тие нудат решенија кои овозможуваат развој на соодветна производна технологија и безбедносни карактеристики соодветни за секој производ поединечно.
PWPW TI Ltd. (PWPW TI – Technologie Informatyczne Sp. z o.o.)е дело од PWPW главната групација. Компанијата првично беше основана како поддршка на PWPW S.A. и е главна групација во полето на модерните технологии и телекомуникациските системи.
За С&Т
–www.snt-world.com–XETRA Vienna
Со околу 3100 вработени и 461.3 милиони евра профит во 2006, С&Т е водечкиот провајдер на ИТ консалтинг, ИТ решенија и ИТ услуги за клиентите во централна и источна Европа, Германија, Австрија и Швајцарија како и во Азија. Конзорциумот до 2007 му овозможил на IMG успешно присуство од над 80 филијали во 22 земји.
Главниот бизнис на С&Т е ИТ консалтинг, развој и имплеметација, како и создавање на прилагодени ИТ решенија, процеси и системи. С&Т поддржува големи и средни претпријатија по должината на целиот ИТ ланец на додадена вредност. Особено, С&Т ги исполнува потребите на производните и трговски индустрии, телекомуникациите, јавниот сектор, како и финансиските услуги, енергетските провајдери, автомобилските компании и воздушната и одбрамбената индустрија. Корпоративното седиште на С&Т се наоѓа во Виена и се наоѓа на листата на виенската берза од 2003.