|
|
18.10.2007 |
С&Т освои трето место на малите берзовни награди 2007Проф.Д-р. Georg Wailand, уредник на бизнис магазинот EWINN, вчера на церемонијата на берзовните награди 2007 му ја врачи наградата на Martin Bergler, CFO од С&Т Групација of the S&T Group. Критериумите за наградата – отворена, прецизна, сеопфатна и стручна полиса на информирање помеѓу акционерите и медиумите-несомнено беа исполнети од С&Т како еден од победниците во категоријата. “Исклучително сме среќни со оваа награда која ќе ни даде поттик да продолжиме со нашите напори во однос на обезбедување информации и би сакале да ја искористиме оваа можност да им честитаме на другите победници“, објасни Martin Bergler. „ Нашата цел отсекогаш била да имплементираме мерки на професионална комуникација во рамки на ефикасен буџет. Оваа награда покажува дека успешно сме ја исполниле таа цел.“. Одлично акционерско делувањеНе само што е информирањето за акциите на С&Т за пример, туку и движењето во самите цени на акциите е уште поспектакуларно. Само во 2006, тоа забележа пораст од 48%, додека пазарната капитализација накомпанијата забележа пораст од 54%. Оваа година акциите продолжија рапидно да растат, без индикации за спротивно. Во април достигнаа најголема до сега висина од 59.20 евра, и дури и во текот на бурните летни месеци акциите го задржаа својот стабилен тренд на раст. Од почетокот на 2007, акциите на С&Т имаат забележан пораст од 36%. |
|


