|
|
24.10.2007 |
С&Т најдобар трет квартал на сите времињаВкупна продажба во трет квартал од 2007: €122.9 милиони (+8.5%)
Јануари до септември 2007: 10.2% повеќе продажбаС&Т постигна вкупна продажба од €351.5 милиони во првите девет месеци од 2007, што претставува пораст од 10.2% во споредба со истиот период во 2006. Во полето на бизнис решенија исто така се постигнаа одлични резултати во овој период, со продажба од €102.5 милиони, што значи пораст од 57.1%. Приходот во полето на менаџирани сервиси забележа пораст од 12.7% на €60.6 милиони. Овие два сегмента заедно претставуваат 46.4% од вкупната продажба. Со инфраструктурните решенија, С&Т (Enterprise Systems) оствари продажба од €188.4 милиони (-5.8%) од јануари до септември 2007. Rosner: “Компаниите и институциите во источно- европските земји полека привршуваат со изградбата и надоградбата на нивните ИТ инфраструктури и се соочуваат со нови предизвици, штоја објаснува зголемената продажба во областите на консалтинг и решенија, а особено во Nearshoring –от. Ние исто така се повеќе се фокусираме на попрофитабилни проекти во Enterprise системите, кои исто така бараат консалтинг и сервис.“ Успех во IMG, нови ЕУ земји и југо-источна ЕвропаEBITDA за првите девет месеци од 2007 се искачи до €11.4 милиони (-3.0%), исто како и на почетокот на годината. EBIT забележа значителен напредок, пред се поради рекордната заработувачка во третиот квартал. Таа достигна тотал од 6.1 милиони евра за првите девет месеци од 2007 (-20.3%), преполовувајќи го падот од -40.7% кој беше забележан во првите шест месеци од 2007 како резултат на реструктурирањето. „За време на летните месеци можевме да ги контролираме и спречиме големите инвестиции кои влијаеа на резултатите, како што е интеграцијата на IMG, превземена на пролет, и реструктурирањата во Русија, Унгарија и Турција. Можевме да видиме дека сме на правиот пат таа година“, објасни Rosner. Покрај IMG, кој имаше позитивен ефект врз резултатите и покрај трошоците за интеграција и продажбата на IMG Америка, новите ЕУ земји, Бугарија и Романија, исто така добро напредуваа, како и југо-источните земји и Украина, Полска и Чешка Република. Австрија освои повеќе големи договори за менаџирани сервиси и се зацврсти на SAP пазарот. „Преку-граничниот бизнис на С&Т се зголеми. Нашите клиенти во DACH регионот не користат како отскочна даска до источна Европа, и ги развиваат своите меѓународни проекти со нас“, објаснува Rosner. Цената на С&Т акциите забележа пораст од 23.7%Цената на акциите на С&Т забележа позитивен развој во 2007 со пораст од +23.7% на почетокот на годината (цена на акција €39.20) на цена од €51.38 на 22 октомври 2007. Цената на акциите остана стабилна дури и за време на тешките пазарни услови во текот на летото. Пазарната капитализација на претпријатието исто така забележа значителен пораст, од €139.9 милиони на почетокот на годината на €184,2 милиони до крајот на октомври (22.10.2007). Поголем С&Т тимБројот на вработени во С&Т групацијата се зголеми за 26% од почетокот на годината до крајот на септември 2007. Бројот првично се зголеми од 2295 на 3000 со превземањето на IMG во април 2007. Во месеците што следуваа беа вработени околу 100 нови вработени. Rosner: “Конкуренцијата за компетентен персонал станува се пожестока во источна Европа. Нашиот фокус на работа со локален менаџмент и локални тимови е во наша корист, и меѓународните предизвици кои им ги нудиме на нашите вработени не прават многу атрактивен работодавец. Тоа е важно за нас бидејќи ние сме секогаш во потрага по квалитетни луѓе.“ Неодамна реномираниот романски бизнис магазин “Capital” ги именуваше најдобрите работодавци во земјата –С&Т беше на врвот на листата на ИТ компании. IMG/С&Т пак беа повторно, за петти пат, наградени со наградата BestPers, која се доделува годишно во Германија на компании со солидно и модерно делување во полето на човечки ресурси. Бројни успешно завршени проектиПроширувањето на ИТ бизнисот на консалтинг и решенија на С&Т се гледа од успешно завршените проекти во изминатите месеци. С&Т Словачка, на пример, изврши SAP имплементација за водоводните работи во Кошице, со договор вреден €800 000. С&Т Полска обезбеди значаен проект на менаџирани сервиси со превземање на службата за корисници од Xerox, додека Украина постигна успех со изградбата на повеќе модерни компјутерски центри за JSC Ukraine. Консистентна реализација на стратегијата на групацијатаС&Т групата постојано настојува на имплеметација на својата стратегија. Продажбата на IMG Америка во септември го истакна нејзиниот географки фокус на централна и источна Европа, како и на Азија. Планираната експанзија на бизнисот во Јапонија и Кина се очекува да доведе до зацврстување во тој регион. Се зголемува и стручноста. С&Т го отвори својот шести тренинг центар во Септември. Cisco тренинг центарот за безбедност во Унгарија се фокусира на развивање безбедносни решенија за клиентите од сите С&Т земји. Последно, но не и помалку вредно, на IMG/С&Т им беа доделени две награди за Специјален стручен партнер од SAP – една во областа на осигурувањето, другата во областа на SAP за Малопродажба. „ Го гледаме финансискиот сектор како особено потенцијален, бидејќи имаме одлични индустриски експерти и долгорочно искуство во бројни преокти. Покрај тоа, ИТ предизвиците за банките и осигурителните компании се големи како и секогаш„, вели Rosner. Очекувања за 2007За финансиската година 2007 С&Т очекува пораст на вкупната продажба до €510-520 милиони, и пораст на EBIT до €13-15 милиони. „Традиционално, четвртиот квартал од годината е секогаш најсилен. Засега се чини дека 2007 ќе го следи овој тренд. Многу клиенти сакаат да ги потрошат своие буџети до крајот на годината, така што не чекаат многу проекти“, објаснува Rosner. |
|


