31.10.2007 | Bulgaria

С&Т Бугарија ги консолидира податоците за земјишна сопственост за Државниот фонд „земјоделие“

С&Т Бугарија за многу кратко време успешно изврши високо комплексен проект за консолидирање, складирање и архивирање на податоци за Бугарскиот државен фонд „земјоделие“ (State Fund Agriculture -SFA), кој е одговорен за доделување сретства на земјоделци од националните и европските фондови. Менаџментот и примената на податоците за земјишна сопственост на 150,000 бугарски фармери се така базирани на ИТ инфраструктура која е сигурна и способна да се справи со идните барања.
Дирекцијата на Државниот фонд „земјоделие“ се наоѓа во Софија и има вкупно 28 регионални претставништва во земјата. Организацијата е втемелена, платежна овластена агенција на ЕУ и е регистрирана како SAPARD* агенција. Во последните две години се прошири од 400 на 1.200 вработени. Нејзините одговорности во согласност со директивите на ЕУ вклучуваат прибирање и менаџмент на податоци на земјопоседници од околу 150,000 бугарски земјоделци. Покрај тоа, се прибираат фотографии од целата обработлива земја, кои им се достапни на земјоделците. Државниот фонд „земјоделие“ има строги правила за архивирање и складирање на овие податоци, кои бараат имплементација на високо функционален и достапен систем. С&Т Бугарија беше задолжена за планирање и извршување на консолидацијата и складирањето, како и за сеопфатно решение за решавање на катастрофи. „С&Т“ Бугарија има многу-годишно искуство во големи и комплексни инфраструктурни проекти, и има успешно работено со Државниот фонд „земјоделие“ во минатото. Покрај тоа, решавање на катастрофи и континуитет на работа се главни централни точки за С&Т Групацијата. За таа цел, имаме свој Тренинг центар во Љубљана, Словенија, кој се грижи за клиентите во сите земји во кои С&Т е присутна“ објаснува Christian Rosner, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР на С&Т.

Високо ниво на достапност на информации

Проектот беше комплетиран во две фази. Во рамките на првата фаза, беа поставени два копјутерски центри во седиштето на Државниот фонд „земјоделие“ во Софија, и беше имплементирана инфраструктура на SAN-Storage Area Network. Целата SAN инфраструктура беше дизајнирана да биде издржлива, без ниту една слабост во архитектурата. Со капацитет на складирање од повеќе терабајти, Државниот фонд „земјоделие“ сега поседува сигурно решение за долгорочно архивирање на податоци кое е во согласност со директивите на ЕУ. За време на втората фаза на проектот, С&Т Бугарија имплементираше централизирано решение за поддршка (back up solution) и обезбеди дополнителен капацитет на складирање. Покрај тоа, трет комјутерски центар беше поставен во Пловдив, 120 км од Софија.

Исполнување на барањата на ЕУ за заштита на податоци

Решението имплементирано од С&Т Бугарија ги исполнува сите барања на ЕУ за заштита на податоци, и му обезбедува на Државниот фонд „земјоделие“ индустриски погодно опкужување за консолидација на податоци и долгорочно архивирање со висок степен на достапност. “Системот за складирање на податоци, финализиран со поддршка од С&Т, беше дистрибуиран до различни серверски локации во Софија и беше ископиран во Backup Information Center-от во Пловдив. Тој ја постави основата за развој на техничка инфраструктура како подготовка за платежната агенција. Сите активности во однос на набавката, инсталацијата и поставувањето, како и техничката поддршка, беа изведени според највисоките стандарди и за многу кратко време, за да софтверот прилагоден за канцеларијата можеше да биде инсталиран на време. Ова беше особено важно во поглед на акредитацијата од Државниот фонд Zemedelie како платежна агенција која, заедно со Европските фондови, ќе го поддржува бугарското земјоделие. Би сакале да им му се заблагодариме на С&Т тимот за нивното разбирање и соработка, и за нивната техничката поддршка и консалтинг за време на интеграцијата и одржувањето на системот“, вели Евгени Хинков, ИТ Менаџер, Државен фонд „земјоделие“.

*SAPARD = Special Accession Programme for Agriculture and Rural Development (Специјална пристапна програма за земјоделие и рурален развој)