|
|
15.11.2007 | Macedonia
С&Т доби две награди за своето делување во полето на човечки ресурсиBestPers сертификат во Германија и најдобар ИТ работодавец во РоманијаФактори на успех во развојот на персонал Во Романија, бизнис магазинот "CAPITAL" ги оцени С&Т како најдобар работодавец во ИТ индустријата. Факторите кои играа главна улога во ова достигнување се секторот на С&Т за развој на персонал, учеството на вработените во успехот на компанијата и полисата на „отворена врата“ која компанијата активно ја применува. С&Т групата се истакнува со својата долгорочна соработка со своите вработени, и значително инвестира во развој на персоналот. Вработените добиваат индивидуална поддршка и можат да учествуваат во успехот на компанијата преку програмата на С&Т за менаџмент на работење. Полиста на „отворена врата“ на С&Т беше исто така многу позитивно оценета. С&Т има рамна компаниска структура и вреднува кратки канали на информации исто како и директна и отворена комуникација. „Овие две награди ќе не поттикнат да продолжиме да ги интензивираме нашите напори во поелто на човечките ресурси“, објаснува Christian Rosner, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР С&Т. Инвестиции во понатамошно образование и обука С&Т долги години значително инвестира во развој на персонал. Компанијата троши повеќе од два милиони евра годишно само на понатамошно образование и обука, , околу 3% од платниот список. Обуката содржи официјално признание за хардверски и софтверски производи (пр. SAP) и постојано дополнитело образование во технологијата, како и курсеви по јазици и усовршување за експери и менаџери. Различните модули на обука се подготвуваат и организираат на локално ниво, во претставништвата, и на меѓународно ниво, и не само внатрешно туку и заедно со нашите партнери. „Ние сме динамична компанија која брзо се развива. Нам ни е потребно нашите вработени да достигнат највисок степен на образование и мотивација, да бидат доволно флексибилни за да одговорат на постојаните промени,и да бидат во состојба целосно да допринесат во развојот на компанијата. Не се работи само за техничко знаење, кое, во секој случај, има многу краток век на траење во ИТ, туку и за потенцијал на развој во раките на Групацијата“, вели Rosner. Менаџмент консалтинг на човечки ресурси С&Т (IMG) исто така нуди услуги на човечки ресурси во рамките на своето портфолио на услуги. С&Т (IMG) им помага на компаниите да ги трансформираат своите кадровски сектори од трансакциски ориентирани во менаџмент тимови на човечки ресурси кои се фокусирани на создавање додадена вредност. Спектарот на услуги се протега од организациски и процес дизајн и развој на помошна ИТ стратегија, се до миграција и имплементација на системи на менаџмент на човечки капитал ( human capital management -HCM). С&Т (IMG) има специјализирано техничко знаење во областите на целосна HCM имплементација, глобален менаџмент на персонал, вработување на персонал, менаџмент на експертиза, модели на плаќање и кадровски буџет, решенија на менаџмент на време, самоуслуга на вработени и менаџери, како и образование и обука. |
|


