|
|
СиТ КариераС&Т се стреми кон „деловен перфекционизам“ и „давање признание за индивидуалност и поттикнување на тимска работа„, и вработените уживаат мотивирачка работна атмосфета. С&Т има висока репутација во централна и источна Европа (CEE), како и во Германија, Австрија и Швајцарија (DACH). Имаме големо искуство во успешно интегрирање на стекнатите компании и историја како сигурен, фер и атрактивен работодавец благодарени на карактеристиките како: Финансиска стабилност, континуиран развој и деловен успех: • Големи можности за професионален развој, со подобрување на стручноста преку интензивна обука, учество во значајни иновативни проекти и генерално преку превземање нови задачи со цел професионален напредок на вработените • Атрактивни пакети на компензација со разновидни премии и бенефиции прилагодени на нашите локални пазари • Високи стандарди во нашите HP процеси Нашите клучни карактеристики како работодавец вклучуваат: • Можност за самостојна организација на работата • Отворена комуникација без хиерархиски бариери • Постојани нови предизвици преку континуиран развој на компанијата • Поттикнување на тимска работа со водечки експерти во меѓународните мрежи Наш клучен пристап е ангажирање на локални луѓе на нашиот локален пазар, луѓе кои ја познаваат средината. Наш приоритет е и стручноста во одредени индустрии во областа на консултантсвото, што на луѓето им ја нуди потребната мобилност и волја да патуваат и учествуваат во сериозни меѓународни проекти. Тоа значи дека можете да градите експертска или менаџмент кариера во својата земја , без да бидете прераспределувани, но ние исто така нудиме и можност за работа во други земји во рамките на вашата функција или на други локации. Горди сме што можеме да понудиме атмосфера која е меѓународна, но имплементира единствено корисни стандарди и избегнува непотребна унификација. На нашите вработени и локални организации им даваме многу доверба а со тоа и независност, што значи дека доколку сте одговорен, сигурен, и можете автономно да работите, вие сте на правото место работејќи за нас. |
|



